Диме Тодоровски не е повеќе тренер на Локомотива од Градско

По шест кола во Втората лига – Исток, екипата на Локомотива од Градско остана без тренер, откако Диме Тодоровски си поднесе оставка од функцијата шеф на стручен штаб.
Тодоровски ја презеде Локомотива на почеток од сезоната, откако екипата минатата сезона беше шампион на Третата лига – Југ и обезбеди директен пласман во второлигашкото друштво на Истокот. Тодоровски претходно беше тренер и на радовишка Плачковица.
Локомотива во овие шест одиграни натпревари успеа да оствари само една победа, забележа едно реми и претрпе четири порази, па со вкупно четири бодови ја дели осмата позицијата на табелата со Детонит од Радовиш.
Инаку, како што дознава Спортска Мрежа екипата на Локомотива веќе неколку денови не тренира, а викендот планираниот контролен натпревар нема да се одигра бидејќи екипата остана без тренер, па фокусот ќе биде насочен кон брзо решение за испрашнетото тренерско столче.