Џон Тери наскоро се враќа во Челзи?

Поранешниот капитен на Челзи, Џон Тери наскоро би можел да се врати во клубот од „Стемфорд Бриџ“.
Островските медиуми пренесуваат дека 41-годишниот Тери го чека место во академијата на „сините“, а негова работа би била да развива млади играчи.
Поранешниот англиски репрезентативец има поддршка од неговите поранешни соиграчи Петр Чех и Карло Кудичини, кои исто така работат во клупски структури. За враќањето на Тери беше заинтересиран и директорот на академијата Нил Бат.
Од 2018 до 2021 година, Тери беше асистент на Дин Смит во Астон Вила, клубот каде ја заврши својата професионална кариера во 2018 година.
Легендарниот дефанзивец го носеше дресот на Челзи од 1998 до 2017 година, а со „сините“ пет пати го освои англиското првенство и ФА купот, како и Лигата на шампионите 2012, Лигата на Европа 2013, три пати Лига купот и двапати Комјунити Шилд.