Одбојка

Џио Струмица го доби дербито со Универзитет во Тетово и го продолжи победничкиот марш

Последниот осојувач на двојната круна кај нас, екипата на Џио Струмица, го совлада Универзитет во Тетово во дербито на влезот во пролетниот дел од сезоната во најсилната машка одбојкарска конкуренција.

Во салата „Парк“, струмичани беа подобри од ривалот со 3:1 (24:26, 25:15, 25:19, 25:16), а со тоа го задржаа максималниот биланс по 11 натпревари сезонава. Најуспешниот состав во последната деценија во македонската одбојка го издржа притисокот откако противникот го освои првиот сет со 26:24, блокираше подобро, грешеше помалку, имаше доволно стабилен прием за да организира разновиден напад, па дури четворица играчи имаа двоцифрен број поени. Владо Милев заработи 16, Урдов 14, Николов 11, Михаилов 10, а одличен настап имаше и Наков со 9 поени.

Универзитет во Тетово имаше лоши периоди со огроми проблеми во приемот, па не можеше да парира, иако поведе во натпреварот по којшто го претрпе третиот сезонски пораз и се наоѓа на третото место на првенствената табела. Тетовските одбојкари направија 34 грешки на гостувањето во Струмица, а имаа пет поени помалку од блок и од сервис, така што ефектот на Јовица Симовски не значеше ништо.

Поврзани Наслови

Поранешниот коректор на македонската репрезентација освои 22 поена во првиот настап за новиот клуб откако пролетната фаза ја мина во второпласираниот Вардар. Новите засилувања, исто така од редовите на Вардар, техничарот Давид Стојанов и центарот Тино Шулајковски, не добија голема шанса. Црногорецот Бојиќ освои 10 поени, Бериша, кој по доаѓањето на Јовица Симовски, игра примач, а не коректор, беше под нивото со шест поени, толку освои и Клопчевски, а Ѓорѓески заврши со еден повеќе.

Во наредното, трето коло од Втората фаза-1, елитна во овој период од сезоната, Џио Струмица четвртипат сезонава ќе игра дерби, овој пат против Вардар во Скопје, а Универзитет во Тетово ќе го пречека ГОК Борец и ќе сака да ја подобри лошата серија со три порази на последните четири средби.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!