Европски ФудбалФудбал

Џенова му понуди нов договор, сега Пандев треба да одлучи!

Горан Пандев по завршувањето на Европското првенство стави крај на репрезентативната кариера, додека пак во клупската кариера треба да одигра уште една сезона.

Договорот на Пандев со Џенова истекува на 30. јуни, а по завршувањето на Европското тој ќе биде на одмор, по што ќе донесе одлука што понатаму.

Според италијански медиуми Џенова веќе му доставила понуда на Пандев за продолжување на соработкта и во следната сезона, а сега е ред на Гранде кој треба да одлучи дали ќе продолжи или не. Според медиумите од Италија, Џенова му нуди нов договор на Пандев од една година, односно до летото 2022 година.

Тренерот на Џенова, Давиде Балардини отворено порача дека го сака Пандев и следната сезона во неговиот тим.

Останува да видиме каква одлука ќе донесе Пандев во следниот период.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!