Европски ФудбалФудбал

Џеко ги демантираше турските медиуми за транферот во турскиот гигант!

Фудбалерот на Рома, Един Џеко негираше дека преговара за трансфер во Фенербахче, објавија денес италијанските медиуми. Турските медиуми претходно во текот на вчерашниот денот објавија дека Џеко е на чекор од преселба во турската Супер лига, во Фенербахче.

Сепак, „Кориере дело Спорт“ контактираше со претставници на босанскиот фудбалер и тие рекоа дека не е постигнат договор и не се водат преговори со турските тимови.

Џеко е во Рома од 2016 година, а неговиот договор со римскиот клуб истекува во јуни 2022 година. Минатото лето беше на чекор од напуштање на клубот и преселба во Интер, но сепак реши да остане во Рим.

Минатата сезона тој одигра 38 натпревари, постигна 13 голови и имаше пет асистенции.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!