ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Детонит под водство на новиот тренер Аце Стојанов ги започна подготовките за Втора лига – Исток

Радовишки Детонит и официјално ги започна подготовките за новата сезона од Втората лига – Исток. Повратникот во второлигашкото друштво доби и нов тренер, Аце Стојанов ќе го води Детонит во новата сезона. Покрај Стојанов како шеф на стручниот штаб, Илија Сасански ќе биде кондиционен тренер.

Стојанов како нов кормилар на радовишкиот второлигаш вчера на Градскиот стадион во Радовиш го имаше првиот тренинг со екипата со што и официјално означи старт на подговките.

Спортска Мрежа прва направи ексклузивно интервју со новиот тренер на Детонит, кое ќе биде објавено во текжот на денешниот ден.

Костурот на екипата ќе биде сочуван во целост, а дополнително веќе се водат интензивни преговори за квалитетни засилувања. Буџетот на екипата е направен и обезбеден, па тоа дава голема сигурност во креирањето на екипата и новите засилувања.

Поголем дел од припремиот дел Детонит ќе го помине во Радовиш, а веќе се договорени и осум квалитетни контролни натпревари со домашни екипи, како и една контролка со екипа од Србија. Победа од Прилеп, Академија Пандев, Беласица, Каменица Саса, Василево, Тиквеш, Трајал (Србија), Кит-Го и „генералка“ против Кожуф од Гевгелија.

Дел од овие контролни натпревари ќе бидат одиграни во Спортскиот центар „Гогов“ во Пехчево.

Повеќе информации околу засилувањата, екипата, подготовките, целите и очекувањата можете да прочитате во интервјуто на Спортска Мрежа со шефот на стручниот штаб Аце Стојанов, кое ќе биде објавено во текот на денешниот ден.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!