Детонит Плачковица убедлив против Беса, реми на Вардар и Беласица, Пелустер му даде 11 ГОЛА на Тетекс

Пелистер направи рекорд во тековната сезона, откако со убедливи 10:0 го понижи Тетекс, кој од Битола си оди со мрежа наполнета до врв. „Штофарите“ го запишаа највисокиот пораз во тековната сезона после оној на Борец од Арсими (9:0).
Сосема очекувана беше победата на Пелистер, кој беше и под притисок за триумф по поразот од Караорман, но сепак, сè уште е зад конкурентите за Прва лига со сериозна бодовна разлика.
Капитенот Борче Маневски три пати ја тресеше мрежата на Анѓелковски, кој 11 пати капитулираше во Битола. Во листата на стрелци со по еден гол се запишаа Христијан Драгарски, Бурхан Мустафов, Бојан Стефановски, Томе Китановски, НИкола Наумоски, Љавдрим Фазлију, Јованчо Трајчковски и Бобан Здравески.
Детонит Плачковица продолжува да гази и да ги напаѓа местата за Прва лига, откако денес во Радовиш без посериозен проблем, радовишкиот второлигаш стигна до висок триумф од 3:0 над Беса од Добри Дол, натпревар кој гледачите на телевизија М Нет го следеа во ЖИВО.
Четата на Горан Здравков го запиша седмиот сезонски триумф во Втората лига, и со тоа се врати на четвртото место на табелата со 23 бодови, еден повеќе од Пелистер, кој сега е на петото место на табелата.
Радовишани резултатот го отворија преку Иван Настевски уште во 8 минута од мечот, а во финишот на првиот дел Настевски со втор гол обезбеди 2:0 на полувреме за Детонит Плачковица. На стартот од вториот дел Филип Димоски ги постави конечните 3:0.
Борец никако да победи и денес го запиша својот 12-ти сезонски пораз и останува „закован“ на дното како единствен второлигаш без бодови, откако на домашен терен со 0:3 беше поразен од Каменица Саса. „Рударите“ по тренерската смена собраа многу важни бодови на патот кон сигурен опстанок во ВМФЛ, а денешниот трет сезонски триумф за Саса значи и прогрес на табелата.
Искусниот Бошки Ступиќ погоди за 0:1 на полувреме за „рударите“, а во вториот дел Игор Ѓоргиев и Тони Мичковски беа стрелци во високата победа од 0:3 за Саса.
Караорман и Локомотива ги поделија бодови откако ремизираа играјќи 1:1 покрај езерото. Гостите преку Даци први стигнаа во водство и на полувреме имаа 0:1, а на стартот од вторито дел Секулоски ги постави конените 1:1.
Вардар го загуби лидерското место на табелата во Втора лига, откако одигра 1:1 со Беласица на „Железарница“ во Автокоманда.
„Вардарци“ на крај мораа да се задоволат само со бод, во меч на кој важеа за фаворити.
Резултатот беше отворен дури во 73. минута од мечот со голот на Кире Маркоски, но сепак, радоста на Вардар не траеше долго, по девет минути игра Беласица преку Петар Гугуљанов стигна до израмнување, а до крајот на мечот мрежите останаа мирни, па резултат од 1:1 стана конечен.
Кожуф однесе важен триумф во дербито од долниот дел од табелата со Слога од Виница со резултат од 2:0. Домашниот тим уште во 8. минута го отвори резултатот со голот на Ангел Кочев. Слога во текот на целиот меч се обидуваше да дојде до брз гол и да се врати во игра и за три бодови, сепак, во вториот дел, поточно во 72. минута искусниот голгетер Андреј Кудијан ја стресе мрежата за гостите од Виница за конечните 2:0.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВМФЛ:
