ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Детонит Плачковица со убедлив триумф, Пелистер подобар од Охрид, по три бода за Вардар и Беса

Денес беше комплетирано 5. коло од Втората македонска фудбалска лига со одигурвање на останатите седум натпревари. Колото беше отворено вчера со дербито меѓу Гостивар и Воска Спорт кое заврши без победник (2:2).

Детонит Плачковица брзо го заборави првиот сезонски пораз од Кожуф во Гевгелија и денес со 3:1 на домашниот терен во Радовиш го совлада новиот второлигаш Арсими.

Радовишани беа подобри на теренот, а победата ја најавија во првиот дел кога водството на полувреме беше 2:0. За домашниот тим стрелци беа Аделин Ќазимов, Зоран Андонов и Иван Настески. За гостите во судиското надополнување во вториот дел погоди Арѓент Гафури за конечните 3:1.

Пелистер со минимални 0:1 славеше на „Билјанини Извори“ над Охрид. Стрелец на единствениот гол постигнат во 85. минута беше искусниот Борче Маневски.

Борец и денес беше поразен на домашен терен од Кожуф со резултат од 0:2. Двоен стрелец за гостите од Кожуф беше Никола Костадинов.

Вардар потешко од очекуваното славеше кај Карароман во Струга со резултат од 1:2. Домашниот тим прв стигна до водство со голот на Јасмин Казимовски во судиското надополнување за 1:0 на полувреме. Во вторито дел Дарио Десниќ во 58. минута погоди за 1:1. Неизвесноста траеше до 88. минута кога новото засилување Владимир Жоглев ја погоди противничката мрежа за конечните 1:2 и голема радост за „вардарци“.

Локомотива Скопје и Тетекс го поделија „пленот“ играјќи без погодоци (0:0), а реми имаше и во Македонска Каменица каде Саса и Беласица го поделија „пленот“ играјќи 1:1. За „рударите“ стрелец беше Владимир Дујовски во 19. минута, а пак за струмичани погоди Александар Коцев во 32. минута.

Беса на крилата на Љавдрим Скендери ја добија Слога од Виница со 3:2. Скендери беше херојот за домашниот тим кој ги постигна сите три погодиц и тоа во првиот дел, додека пак во второто полувреме Слога преку Богдан Велиновски и Никола Павлески го ублажи резултатот на конечните 3:2.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!