ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Детонит Плачковица откина два бода и од Воска, вечното дерби во Битола без победник

Пелистер и Вардар го поделија “пленот” вечното дерби заврши без победник со четири гола (2:2), кое за првпат двата македонски фудбалски гиганти го одиграа како второлигаши, во 14-тата рунда од Втора лига.

Во битката за директно враќање во Прва лига, “пелистерци” испуштија два гола предност кои ги имаа на полувреме. На денешното вечно дерби и официјално беше отворена новата трибина на стадионот во Битола.

Наумоски и Маневски погодија за 2:0 на полувреме, а Христов и Маркоски за конечни 2:2 и бод за Вардар.

Вечното дерби гледачите на телевизија М Нет во ЖИВО го следеа.

Охрид сосема очекувано дојде до трите бодови на домашен терен со Слога од Виница (2:0) со головите на Митревски и Костовски.

Супер дербито во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и охридска Воска заврши без победник (1:1), Радовиш останува и понатаму терен каде ниту една гостинска екипа не успеа да слави.

Радовишани откинаа два бода од уште еден фаворит за Прва лига и продолжуваат да им прават “проблеми” на претендентите за елитата.

Андонов прв го отвори резултатот уште во 6. минута, а искусниот Изаир Емини во 22. минута погоди за конечни 1:1. И супер дербито во Радовиш беше пренесувано во ЖИВО на телевизија М Нет.

Арсими ја доби струмичка Беласица со 2:0 и со тоа се врати на победите, а позитивната серија резултати на струмичани беше запрена од страна на новајлијата во Чегране. Стрелци беа Садики и Џемаили.

Локомотива го доби дуелот со Саса (2:1) и на своето конто впиша три многу важни бодови.За домашниот тим стрелци беа Абази и Иљази, а за гостите Ступиќ.

Кожуф сосема очекувано и сигурно го декласираше Тетекс на свој терен со високи 4:1. “Штофарите” продолжуваат да тонат и понатаму и гледаат кон испаѓање во Трета лига – Запад. За домашниот тим Кудијан беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Зумровски и Ристовски, а за гостите стрелаше Османи во 91. минута.

Гостивар со головите на Каланоски и Вилдан со 0:2 славеше над “фенерџијата” Борец во Велес.

Караорман и Беса покрај езерото одиграа реми без погодоци (0:0).

  • Цела табела од ВМФЛ:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!