ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Детонит го „распука“ Карбинци и застана на врвот, дербито во Свети Николе без победник, Турново го доби Малеш

Денес се одигра 14. коло од Третата лига – Исток кое донесе нов лидер на табелата, а дербито во Свети Николе заврши без победник.

Детонит 4:0 Карбинци

Детонит на домашен терен во Радовиш со високи 4:0 го декласираше Карбинци и изби на врвот на табелата. Радовишани резултатот го отворија во 41. минута со гол на Спасов Зоран. Во вториот дел Детонит излезе максимално мотивиран и со одлична игра се „распука“ кон голот на Гигов. Во 68 минута Стојанов Горан го дуплираше водство. Нововлезениот Станоевски Томи со одличен гол зголеми на убедливи 3:0. Гостинот од Карбинци немаше сили да го запре налетот на Детонит кој преку втор гол на Стојанов ги постави конечните 4:0.

Овче Поле 0:0 Брегалница Делчево

Дербито на колото кое се играше на Градскиот стадион во Свети Николе меѓу Овче Поле и Брегалница Делчево заврши без победник 0:0. Израмнет натпревар со шансите за погодок и на двете страни, но мрежите во текот на целиот натпревар мируваа.

Работник Џумајлија 0:2 Раклиш

Екипата на Работник Џумајлија доживеа нов пораз, откако Раклиш со 0:2 го „среди“ на теренот во Лозово. Радовишани беа подобар противник и со трите бодови се одлепија од опасната зона. Резултатот беше отворен во 33. минута со гол на Усаинов Кемал. Во вториот дел домашната екипа правеше напори за израмнување или барем за поделба на бодови, но Ибраими Џелал не дозволи изненадување и во 90. минута ги постави конечните 0:2.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Хоризонт Турново 2:0 Малеш

Фудбалерите на Хоризонт Турново без проблем на „Кукуш“ го среди Малеш со 2:0. Победничката серија на Турновци продолжува и понатаму, додека беровчани очигледно не можат да го надминат поразот од Детонит на домашен терен од прехтодното коло, па тоа влијаеше на нивната денешна игра. Првиот дел од натпреварот помина без погодици на двете страни. Во вториот дел Турново стигна до водство во 50. минута со гол на Георгиев Александар, а конечните 2:0 ги постави Крстев Васил.

Тиверија 6:1 Спартмани

Тиверија немаше милост кон Спартмани и со 6:1 го декласираше гостинот од Градско Балдовци во секој поглед. Ристовски Мартин го донесе Спартмани прв до водство од 0:1, но тоа како да го налути домашниот тим кој преку Јанков Јани најпрво израмни во 22. минута, а во 39. минута со втор гол на Јанков за водство од 2:1. Пред самиот финиш од првиот дел Митров Димче постигна гол за 3:1 на полувреме. На стартот од второто полувреме Јакимов Христијан донесе водство од високи 4:1. Во 51. минута Трајков Васко погоди за 5:1, а Ѓоргиев Јован од Спартмани си постигна автогол за конечните 6:1.

Василево 3:3 Чешиново

„Фенерџијата“ Василево во финишот стигна до реми со Чешиново играјќи 3:3 и притоа запиша четврти сезонски бод. Гостите од Чешиново стигнаа први до водство со гол на Јакимов Мики во 32. минута. Во вториот дел Ѓоргиев Наце постигна гол за 1:1 во 52. минута, а само четири минути подоцна Јакимов Мики со втор гол донесе ново водство за Чешиново. Домашната екипа започна со нов притисок кон голот на Божинов и во 72. минута Јовев Васко погоди за 2:2. Седум минути подоцна Андонов Мартин донесе трето водство за Чешиново. Во самиот финиш од натпреварот Беќарски Иван постигна гол за конечни 3:3.

Радовишки Детонит е нов лидер на табелата со 35 бодови, колку што има и Брегалница од Делчево која сега е на второто место со ист број на бодови. Хоризонт Турново е на третата позиција со 31 бод, а ист број на бодови има и Овче Поле кој сега е четврти. Во опасната зона се Василево со 4 и Работник Џумајлија со 7 бодови, кои го губат чекорот за опстанок.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!