ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Детонит ги заврши подготовките кои се реализираа во Пехчево

Радовишкиот второлигаш Детонит ги заврши подготовките кои се реализираа во Пехчево и се враќа во Радовиш со тренинзите на Градскиот стадион.

Новата сезона во Втората лига – Исток започнува на 21. Август, а Детонит максимално подготвен го очекува и првиот дуел. За време на подготвителиот период беа одиграни повеќе контролни натпревари каде што се градеше екипата.


Контролен натпревар со Кит Го беше одложен поради немилите настани и пожарите кои го зафатија овој крај околу Пехчево и Малешевијата.

Инаку, Детонит минатата сезона заврши на првото место во Третата лига – Исток и како шампион обезбеди второлигашки статус, односно се врати во Втората лига – Исток, каде беше дел од истата во сезона 2018/2019.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!