ФудбалФудбал - Прва женска лига
Дервиши стави потпис на нов договор со шампионот ЖФК Каменица Саса

Македонската репрезентативка Рабија Дервиши стави потпис на нов две ипол годишен договор со актуелниот шампион ЖФК Каменица Саса, со што во Македонска Каменица останува до јуни 2023 година.
20-годишната Дервиши е една од најталентираните фудбалерки на Балканот, со својот талент и одлични натпревари е со огромен придонес за првата историска титула на ЖФК Каменица Саса.
„Ние како клуб сме многу среќни и задоволни со потпишувањето на овој договор со што амбициите за нова титула стануват уште поголеми“, велат од женскиот фудбалски шампион.
Во својата кариера Дервиши има настапувано и за ЖФК Скопје и ЖФК Тиверија.