РакометРакомет - Суперлига
Дербито покрај езерото без победник, Охрид и Бутел ги поделија бодовоите

Големото дерби покрај езерото заврши без победник откако Охрид и Бутел ремизираа играјќи 22:22. Натпреварот беше од големо значење и за двете екипи кои бркаат место за излез во Европа.
Неизвесност и играње гол за гол во текот на целиот натпревар. Првиот дел заврши со 10:10, па возбудувањата продолжија и во вториот дел, за на крај натпреварот да заврши без победник со резултат од 22:22.
Блажевски со седум гола беше најдобар кај Охрид, а го следеше Кривокапиќ со четири гола. Кај Бутел најдобар беше Црногорецот Мирко Мајиќ кој постигна осум погодоци.
Во однос на табелата, Охрид има 9 бодови и се наоѓа на петтото место, додека Бутел со два повеќе е на четвртата позиција на табелата.