ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дербито на колото за Црно Буки, Новаци се „сопна“ кај Сатеска, Демир Хисар со прв триумф

Дербито на колото во Третата лига – Југозапад заврши со триумф за Црно Буки кој со 3:1 славеше над Македонија од Враништа. До големиот трумф Црно Буки стигна на крилата на Благоја Наумовски кој беше двоен стрелец. Резултатот беше отворен уште во 3. минута со гол на Наумовски. Во вториот дел Александар Радески донесе 1:1 за гостите од Враништа и ја врати Македонија во игра за трите бодови. Во 77. минута Христијан Торнески од Брегалница со деби гол погоди за ново водство на Црно Буки, а Наумоски со втор гол ги постави конечните 3:1.

Црно Буки – Македонија Враништа

Фаворитот Новаци се „сопка“ на гостувањето во Волино кај Сатеска каде ремизираше со по еден гол во мрежа (1:1). Александар Велјановски прв го донесе Новаци во водство со гол во 32. минута, а само две минути подоцна Даниел Цветаноски ги постави конечните 1:1.

Лирија во меч со три црвени картони славеше минимално над Преспа со 1:0. Во првиот дел од натпреварот мрежите и на двете страни мируваа. Во вториот дел Емир Кранли во 54. минута доби црвен картон поради група игра, а Џанер Рамадани кој во 37. минута заработи жолт картон поради недозволен старт во 67. минута поради неспортско однесување беше исклучен од игра. Во 77. минута судијата Благојче Ралевски покажа на белата точка за Лирија, а одговорноста ја презеде капитенот Аљбион Мурати кој успешно реализираше за 1:0. Во судиското надополнување на првиот дел Агим Реџепи поради неспортско однесување беше исклучен од игра.

Новиот третолигаш Демир Хисар на крилата на Стефан Каревски конечно се израдува на триумф во новата сезона, откако на во Ивањевци со 3:4 славеше над Победа. Резултатот беше отворен во 14. минута со гол на Стефан Каревски, а во 26. минута Горан Боневски брзо ја врати Победа во игра. Во 33. минута Денис Шабаноски донесе пресврт за Победа, а шест минути подоцна Илче Велевски стрелаше за водство од 3:1 за домаќинот. Во вториот дел Александар Ангелевски во 59. минута намали на 3:2, а Каревски со нови два гола во 78. и 87. минута ги постави конечните 3:4.

Кравари конечни ги израдува своите фанови откако ги запиша првите бодови во новата сезона со триумф од 3:1 над Влазними. Резултатот беше отворен уште во 2. минута со гол на Антонио Грујовски, а веќе во 11. минута Саша Крстиќ донесе сигурни 2:0. Во 26. минута младиот Илир Даут зголеми на 3:0 за полувреме. Во втроито дел Ахмет Белули ги постави конечните 3:1.

ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД

Колото ќе биде комплетирано во среда (27 октомври) со мечот меѓу Караорман и Октиси.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!