ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дербито на колото во Берово меѓу Малеш и Детонит, Овче Поле против „незгодниот“ Карбинци

Викендот се играат натпревари од 13. коло од Третата лига – Исток.

Колото ќе биде отворено во сабота со натпреварот меѓу Раклиш и Тиверија кој се игра на Градскиот стадион во Радовиш. Домаќинот е во голема резултатска криза, а после поразот од претходното коло на „Кукуш“ каде беше торпедиран со пет гола од Турново ќе се обиде на домашен терен да направи изненадување против благиот фаворит Тиверија. Струмичани во минатото коло запишаа голема победа над Чешиново, па во Радовиш доаѓаат по нови три бодови и можен прогрес на табелата од три места.

Останатите пет натпревари ќе бидат одиграни во недела, со што ќе биде комплетирано колото.

Дербито на колото се игра во Берово каде ќе се соочат конкурентите Малеш и Детонит. Засилениот домаќинот после поразот во Свети Николе во минатото коло, во недела ќе биде под силен притисок за победа и три бодови, доколку сака да остане во сериозен чекор со првопласираната Брегалница Делчево. Радовишани во Берово доаѓаат силно мотивирани, екипата има квалитет и на зимската пауза беше значително засилена, а во претходното коло запиша убедлива победа над Спартмани од 11:0. Дербито во Берово ќе го привлече најголемо внимание од сите останати натпревари, а сигурно дека ќе гледаме интересен, неизвесен и возбудлив натпревар со цврсти дуели, многу шанси, а се надеваме и погодоци. Дербито од Берово ќе биде пренесувано и во ЖИВО на Спортска Мрежа, со пренос овозможен од фудбалскиот клуб Малеш.

Лидерот Брегалница на домашен терен ќе се соочи со „фенерџијата“ Василево. Дилеми околу победата и трите бодови дефинитивно нема. Брегалница е далеку подобар противник и со голем квалитет, трите бодови сигурно остануваат во Делчево, а тоа значи дека нема да има промени и на лидерското место.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Карбинци на домашен терен ќе има тежок натпревар со Овче Поле. Иако формата го прави гостинот од Свети Николе да биде фаворит во недела, сепак, Карбинци покажа дека е „незгоден“ противник токму за фаворитите и дека бодовите тешко се освојуваат. Двете екипи имаат различни амбиции. Карбинци да прикаже солидни игри и одлични резултати, а со тоа и повисок пласман на табелата, додека Овче Поле силно атакува на првото место, па поради тоа притисокот за победа ќе биде на страната на гостите со цел да останат во чекор со лидерот Брегалница.

Спартмани во Градско Балдовци ја чека екипата на Хоризонт Турново. Домаќинот после убедливиот пораз од 11:0 во Радовиш од Детонит ќе има повторно тежок натпревар со екипата од Турново, која доаѓа како голем фаворит. Хоризонт Турново е еден од кандидатите за првото место на табелата, па во недела доаѓа по три бодови со цел да продолжи да го следи лидерот на табелата кој има шест бода повеќе.

Чешиново во недела на домашен терен ќе се соочи со екипата на Работник Џумајлија. Домаќинот после големиот поразот во Струмица во претходното коло, во недела ќе се обиде да се рехабилитира и да се врати на победите. Гостинот од Лозово со голема победа над Василево ја стартуваше пролетната полусезона, во недела ќе се обиде да запише уште една победа со која ќе излезе од опасната зона во случај на „кикс“ на Раклиш.

Сите натпревари стартуваат во ист термин, со почеток од 15:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!