ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дерби во Струга меѓу Караорман и Црно Буки, Кравари на дуел против Новаци

Утре се игра 13. коло од Третата лига – Југозапад.

Дербито на колото ќе се игра во Струга, каде Караорман ќе го пречека амбициозниот Црно Буки. Домаќинот ќе биде под притисок и предизвик за победа со цел да остане во чекор со лидерот Воска, додека Црно Буки кој е трет на табелата игра одлична сезона, па во Струга доаѓа силно мотивиран за докажување дека не е случајно на високото место на табелата.

Одлучен дуел ќе се игра и меѓу Кравари и Новаци. Двете екипи играа одлична сезона, Новаци е четврти на табелата со 23 бодови, додека Кравари е место подолу со еден бод помалку, па утрешниот дуел ќе биде доста неизвесен околу победникот и трите бодови.

Преспа утре ќе гостува кај екипата на Лирија од Грначари, каде гостинот од Ресен ќе важе за фаворит за победа.

Дерби од дното на табелата ќе се игра меѓу последнопласираната Стрела и претпоследнопласираната Победа од Ивањевци. Двете екипи играа очајничка сезона, па утрешниот натпревар ќе биде вистиско дерби за овие две екипи кои водат борба за опстанок во третолигашкото друштво.

Лидерот Воска од Охрид утре ќе гостува кај екипата на Дебарца, каде ќе важи за голем фаворит за победа и нови три бодови. Охриѓани не знаат за пораз и чекорат кон Втората лига – Запад, што е нивна прва цел.

Утре ќе гледаме дуел и меѓу екипите на Белица и Македонија од Враништа. Натпревар кој ќе биде израмнет и неизвесен околу победникот и трите бодови.

Октиси на домашен терен ќе се соочи со екипата на Сатеска од Волино. Двете екипи се една по друга на табелата. Октиси со 17 бодови е на деветтото место на табелата, додека Сатеска е место погоре со еден бод повеќе.

Влазними утре ќе биде слободен, бидејќи требаше да игра против Фламуртари, екипа која е дисквалификувана од натпреварувањето.

Табелата од Третата лига – Југозапад можете да ја погледнете ОВДЕ.

Сите натпревари стартуваат во ист термин, односно во 14:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!