ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дерби во Неготино: Превалец го предизвикува шампионот Вардар

Во недела се игра големото дерби во Третата фудбалска лига – Југ, каде во рамки на 2. коло на Градскиот стадион во Неготино ќе се соочат актуелниот шампион Вардар и вицешампионот Превалец.

Овој натпревар е од голема важност и за двете екипи, кои во новата сезона влегуваат со исти цели како и лани – атак на првото место и преку бараж да бркаат влез во Втората македонска фудбалска лига.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Тренерот на Вардар Неготино, Марјан Смилков за Спортска Мрежа вели дека мечот со Марена бил тежок, додека пак за дербито против Превалец вели дека имаат респект кон нив, но одат на победа и три бодови.

„Натпреварот против Марена беше тежок натпревар со многу неискористени шанси, но во целина сме задоволни. Што се однесува до дербито, респект кон екипата на Превалец. Како екипа одиме на победа на секој натпревар. Стандардно се подготвуваме како и за секој натпревар“, вели тренерот Марјан Смилков за Спортска Мрежа, спонзорирано од Revolution Development.

На стартот од новата сезона Вардар Неготино со 0:2 триумфираше над Марена, додека пак Превалец ја доби Локомотива Градско со минимални 1:0.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!