Дерби во Кочани меѓу Осогово и Каменица Саса, Победа против фаворитот Тиквеш, Брегалница гостува во Виница

Викендот ќе се одиграат натпревари од 20. коло од Втората лига – Исток.
Колото ќе биде отворено во сабота со дуелот меѓу Слога и лидерот Брегалница во Виница. Домаќинот на последните пет натпревари не знае за победа и тоа го спушти на седмото место на табелата. Слога на последните пет натпревари има три порази и две последователни ремија. Брегалница минатото коло одигра 1:1 со Саса на домашен терен, а во сабота доаѓа како фаворит поради подобриот квалитет на екипата како и формата. Сепак Слога на домашен терен ќе важи за „незгоден“ противник која ќе се обиде да направи изненадување.
Колото ќе биде комплетирано во недела, кога ќе бидат одиграни останатите натпревари.
Плачковица ќе биде пред нов сериозен испит против фаворитот Кит Го. Радовишани водат тешка борба за опстанок, победата и трите бодови многу се потребни доколку сакат да ги зголемат шансите за опстанок во второлигашкото друштво. Евентуален пораз во недела ќе ги втурне во и онака тешката резултатска криза, која на последните пет натпревари е две ремија и дури три порази. Гостинот од Пехчево е квалитетен противник кој зимата дополнително се засили, па во Радовиш доаѓа по деветта сезонска победа и нови три бодови што ќе го остават на третото место.
Росоман на домашен терен ќе игра против Кожуф кој доаѓа како голем фаворит. Росоман е речиси без шанси за опстанок во второлигашкото друштво, а во недела ќе има тежок натпревар против фаворитот Кожуф кој силно атакува на победа со цел да се врати на третото место.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Победа на домашен терен ќе игра против екипата на Тиквеш. Прилепчани минатото коло во Пехчево во самиот финишот примија гол и мораше да се задоволат само со бод. Во недела ги очекува повторно тежок натпревар, но ќе се обидат на домашен терен да направат изненадување и да запишат три бодови, кои ќе им бидат многу важни со цел да направат брз прогрес на табелата, а со тоа и сигурен опстанок. Тиквеш минатото коло се „лизна“ на домашен терен и одигра само 0:0 со Слога, па во недела ќе мора подобро за трите бодови, со цел да остане во чекор со лидерот Брегалница.
Дербито на колото кое ќе го привлече најголемото внимание ќе се игра во Кочани меѓу екипите на Осогово и Каменица Саса. Домаќинот според формата ќе биде голем фаворит во недела. Осогово има едно реми и дури четири победи на последни пет натпревари и успеа да собере 13 бодови. Во однос на гостинот од Македонска Каменица кој има скор од три ремија, еден пораз и една победа или само шест бодови од последните пет натпревари. Во однос на меѓусебните дуели од тековната сезона, победник нема. Првиот натпревар во Каменица Саса заврши со 0:0, додека во Кочани беше 1:1. Во секој случај ќе гледаме интересен, возбудлив и неизвесен натпревар.
Сите натпревари ќе стартуваат во ист термин со почеток од 15:00.