ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дерби соочување на Вардар и Превалец во Неготино, Локомотива против Младост, Питу Гули гостува кај Бучин

Најавата на 2. коло од Трета лига – Југ е спонзорирана од Revolution Development

Во недела се играат натпреварите од 2. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југ, сите со почеток од 16:00 часот.

Дерби соочување на Градскиот стадион во Неготино ќе гледаме помеѓу шампионот Вардар и вицешампионот Превалец. Меч од голема важност и за двете екипи кои имаат амбиции да го освојат врвот и преку бараж да се обидат да обезбедат влез во Втората македонска фудбалска лига.

Питу Гули одлично ја отвори сезоната, а в недела ќе гостува кај екипата на Бучин, која со пораз ја започна сезоната. Росоман ќе се соочи со Обршани на домашен терен, додека пак Слога ќе биде домаќин на новајлијата Канатларци.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Ланскиот второлигаш Локомотива од Градско ќе брка први бодови против Младост од Кривогаштани, додека пак високите амбции Големо Коњари ќе ги тестира против Марена.

  • Второ коло Трета лига – Југ:

Бучин – Питу Гули
Росоман – Обршани
Слога – Канатларци
Локомотива Градско – Младост
Вардар Неготино – Превалец
Големо Коњари – Марена

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!