ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дерби пресметки меѓу лидерот Детонит и Овче Поле, Хоризонт Турново и Брегалница Делчево

Две големи дерби пресметки во недела ќе бидат одиграни меѓу лидерот Детонит и Овче Поле во Радовиш, како и на „Кукуш“ меѓу Хоризонт Турново и Брегалница од Делчево, во рамки на 16. коло од Третата лига – Исток.

Детонит – Овче Поле

Лидерот на табелата Детонит на Градскиот стадион во Радовиш ќе игра дерби против Овче Поле. Минатото коло радовишани среде Делчево со играч помалку ја совладаа Брегалница и останаа осамени на врвот од табелата, па веќе во недела ќе имаат нова пресметка со Овче Поле, која доколку ја добијат ќе бидат многу блиску до враќање во Втора лига. Од друга страна, гостинот од Свети Николе пред две кола одигра 0:0 токму со Брегалница на домашен терен, а претходното коло службено го доби Василево бидејќи екипата не се појави на теренот, па мотивирано и одморено доаѓа во Радовиш во обид дома да се врати со трите бодови кои и ќе се доближи до првата позиција на табелата. Радовишани на овој натпревар ќе бидат благи фаворити и домашниот терен ќе го искористат за да ја продолжат победничката серија.

Хоризонт Турново – Брегалница Делчево

На „Кукуш“ се игра втората дерби пресметка меѓу директните конкунрети за прво место Хоризонт Турново и Брегалница Делчево. Турновци го имаат најтешкиот распоред во следните три кола бидејќи во недела играт против Брегалница, а потоа следува гостување кај Овче Поле и дерби со Детонит на домашен терен. Овие три натпревари се клучни за Турново кој доколку сака да дојде до првата позиција ќе мора истите да ги добие. Брегалница минатото коло дома загуби од Детонит, иако имаше играч повеќе сепак немаше сили барем за реми, а претходно одигра 0:0 во Свети Николе, па веќе во недела ќе мора да ги обезбеди трите бодови, доколку сака да продолжи да го напаѓа првото место, во спротивно шансите ќе бидат значително намалени. Турново е во победничка серија и има поповолна ситуација во недела бидејќи игра на домашен терен, па тоа ќе биде голем мотив во атакот за трите бодови да останат дома.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Василево – Раклиш

Екипата на Василево минатото коло не отпатува во Свети Николе и натпреварот со Овче Поле го загуби службено. Во недела на домашен терен Василево ќе го пречека Раклиш, во натпревар каде гостите од Радовиш ќе бидат фаворити за трите бодови. Домаќинот е забетониран на дното од табелата со четири бодови, па шансите на ова екипа за опстанок се скоро еднакви на нула. Триумф за Раклиш ќе значи и скок од едно место на табелата во случај на „кикс“ на Спартмани кај Чешиново што би било очекувано.

Работник Џумајлија – Малеш

На теренот во Лозово силите ќе ги одмерат Работник Џумајлија и Малеш. Домашната екипа после победата минатото коло над Спартмани е силно мотивирана за да врзе втора победа и успешно да ја продолжи борбата за опстанок во третолигашкото друштво. Од друга страна, Малеш конечно ја прекина негативната серија резултати откако на домашен терен славеше над Тиверија. Домаќинот би бил во поповолна ситуација бидејќи игра на домашен терен, додека гостинот според формата е мал фаворит на хартија, но на терен ќе треба истото и да се докаже, а во Лозово сигурно ќе биде максимално возбудливо.

Чешиново – Спартмани

На „Дамјан Груев“ ќе се соочат Чешиново и Спартмани. Домаќинот ќе биде голем фаворит во недела според формата, квалитетот и домашниот терен. Мотивот кај домашната екипа е голем за трите бодови бидејќи играт за што подобар пласман на табелата, а нивната цел е акат на петото место. Од друга страна, гостинот од Градско Балдовци е во длабока резултатска криза, а шансите за изненадување во Чешиново се мали, па залихата на бодови од есенскот дел пополека се троши и екипата се спушти на осмото место, а доколку во недела биде поразен по десети пат тогаш Спартмани ќе биде на деветото место.

НОВА КОЛЕКЦИЈА НА МАШКА ОБЛЕКА ВО БУТИК „ДИАМОНД“ СТРУМИЦА ТЦ „ГЛОБАЛ“

Тиверија – Карбинци

Тиверија на домашен терен ќе ја пречека екипата на Карбинци. Домашната екипа ќе важи за фаворит, но тоа ќе мора да се оправда против „незгодниот“ противник кој иако во пролетниот дел се уште не може да ја пронајде формата од есенската полусезона. Тиверија успева пополека да се искачува на табелата, па во досегашниот дел од сезоната собра 16 бодови и се искачи на седмото место на табелата. Од друга страна, Карбинци ќе има и притисок за трите бодови или барем дома да се врати со бод, бидејќи во случај на победа на Работник во Лозово против Малеш, тогаш Карбинци би имал ист број на бодови како и Работник, а тоа ќе ја стави екипата во уште потешка ситуација бидејќи ќе се бори за опстанок.

Сите наптпревари ќе започнат во 16:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!