ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дерби-пресметка за врвот меѓу Караорман и Воска, Црно Буки на дерби со Преспа

Викендот се игра 9. коло од Третата лига – Југозапад. Колото ќе биде отворено во сабота со воведните натпревари. Во Струга се игра големата дерби-пресметка за врвот на табелата меѓу второпласираниот Караорман и лидерот Воска Спорт од Охрид. Мечот е важен и за двете екипи кои имаат амбиции за влез во Втората лига – Запад. Бодовната разлика е само еден бод што ќе понуди атрактивна игра во Струга.

Новаци на домашен терен ќе се судри со Победа од Ивањевци, во меч каде домаќините ќе бидат големи фаворити за шеста сезонска победа и прогрес кон врвот на табелата.

Во недела Црно Буки ќе гостува во Ресен, каде ќе се судри со домаќинот Преспа. Ресенчани ќе го искористи домашниот терен за да дојде до нова сезонска победа, но, формата го фаворизира амбициозниот Црно Буки.

Кравари на домашен терен ќе се соочи со екипата на Македонија од Враништа. Интересен меч во кој домаќините ќе бидат фаворити поради домашниот терен и формата.

Лирија ќе има тежок натпревар на домашен терен против амбициозниот Влазними, кој во Грнчари доаѓа како апсолутен фаворит за победа. Дебарца дома ќе има тешко соочување со екипата на Октиси Спорт, додека Беласица ќе биде домаќин на Фламуртари.

Сите натпревари ќе започнат во 13:00 часот и ќе бидат одиграни без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!