Дерби пресметка во Неготино – Вардар сака триумф против Питу Гули, Росоман по нов триумф против Слога 1976

Деветтата рунда од Третата фудбалска лига – Југ носи неколку дерби пресметки за врвот од табелата.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Во Неготино ќе се одигра дерби пресметка меѓу Вардар и Питу Гули во меч каде трите бодови ќе бидат императив и за двете страни. „Вардарци“ се разиграа и нижат позитивни резултати со кои се искачија на врвот од табелата во третолигашката конкуренција на Југот. После големиот триумф над Превалец, Вардар сака нов триумф и против Питу Гули. Гостите од Крушево ќе имаат тежок натпревар на „Цвај арената“ против најсериозниот фаворит за освојување на врвот од табелата.
Новиот третолигаш Бучин на домашен терен против Превалец ќе бара враќање на победничките патеки и со тоа да направи прогрес на табелата. Гостинот во претходното коло беше убедливо поразен на домашен терен од Вардар Неготино (3:6), па денес ќе биде на поправен против екипата на Бучин и брзо враќање на победите.
Интересен дуел ќе се одигра во Лажани каде Слога 1976 ќе го пречека составот на Росоман. Домаќинот како нов член на ТМФЛ – Југ одлично ја отвори новата сезона, а веќе денес ќе биде на сериозен испит против Росоман кој според формата ќе важи за благ фаворит по трите бодови, кој доколку го освое ќе чека кикс на Вардар со цел да се врати на врвот од табелата.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
На теренот со вештачка трева во Прилеп силите ќе ги одмерат Динамо и Марена каде очекувањата се да гледаме еден израмнет дуел за трите бодови.
Возарци ДМД се уште е без бодови, а денес ќе има нова шанса за да впише први бодови на своето конто. Новиот третолигаш на домашен терен ќе игра против Обршани кој во новата сезона тргна доста послабо од очекуваното.
Големо Коњари на домашен терен ќе се судри со Младост 1930 од Кривогаштани. На овој меч фаворитската улога за трите бодови ќе биде на страната на домаќинот кој во новата сезона влезе со високи амбиции.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Сите натпревари ќе стартуваат во 16:00 часот, а делегираните судии ги имате на следниот линк.