Дерби пресметка во Неготино – Големо Коњари против Вардар, Возарци ДМД домаќин на Бучин, Марена на Слога 1976

Денес ќе биде комплетирано 14. коло и 8. коло од Третата фудбалска лига – Југ со одигрување на два натпревари.
Најавата на колото ја овозможи Revolution Development
На Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра дерби пресметка помеѓу Големо Коњари и Вардар. Овој меч се игра во променет распоред поради санацијата на Градскиот стадион во Неготино, па така во првото соочување Вардар играше на гостински терен како домаќин, а сега Големо Коњари во Неготино ќе игра како домаќин.
Мечот е резултатска важност за неготинци кои атакуваат на бараж за влез во Втората фудбалска лига. Во моментот Вардар е лидер на табелата со 32 бодови, колку што има и Превалец кој е втор, но со натпревар повеќе.
Фаворитската улога ќе биде на страната на Вардар кој ќе има силна поддршка и од верните навивачи на Градскиот стадион во Неготино.
Правдата на мечот ќе ја дели Атанас Таневски од Кавадарци, а ќе му помагаат Тони Гурев и Александар Трајков, исто така од Кавадарци.
„Фенерџијата“ Возарци ДМД денес на домашен терен ќе го пречека составот на Бучин во меч каде домаќинот ќе брка први бодови во третолигашкото друштво. Возарци ДМД е „закован“ на дното како единствена екипа без освоени бодови и многу веројатно од следната сезона експресно ќе се врати во Општинската лига. Денес на теренот во Возарци фаворитската улога ќе биде на страната на Бучин.
Правдата ќе ја дели Ангелчо Ристов од Неготино, а ќе му помагаат Зоран Ангелов и Ване Данилов, исто така од Неготино.
Што се однесува до 14. коло екипата на Динамо мечот со Слога 1976 го доби со службени 3:0 и доби службени три бода, поради поднесена жалба за неплатени картони, а кои треба да се платат во рок од 10 дена од одигрување на натпреварот.
Денес ќе биде комплетирано и 8. коло со мечот помеѓу Марена и Слога 1976. Овој натпревар е од резултатско значење и за двете екипи за што подобар пласман и прогрес кон средишниот дел од табелата. Блага фаворитска предност ќе има домаќинот во битката за трите бодови.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Главен судија на мечот ќе биде Драган Стевановски од Велес, а ќе му помагаат Драган Јончески од Долнени и Александар Секуловски од Велес.
Сите три натпревари ќе започнат во 17:00 часот.