ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Дерби пресметка во Битола, дерби и во Виница, Воска сака нова победа, Детонит Плачковица гостува кај Кожуф

Денес ќе бидат одиграни натпреварите од 4. коло на Втората македонска фудбалска лига, сите со почеток од 16:00 часот.

Во Битола ќе се одигра дерби пресметка меѓу фавортите за влез во Прва лига, Пелистер и Гостивар. Двете екипи имаат по седум бодови и идентична форма од по две победи и едно реми.

Натпреварите на овие две екипи редовно се богати со погодоци, а традицијата вели дека трите бодови ќе останат во Битола. Овие две екипи од 2011 до 2019 година се соочи 13 пати во рамки на Прва и Втора лига и еднаш на пријателски натпревар во 2018 година. На овие 14 натпревари, Пелистер запиша дури седум победи, а пак Гостивар само две победи, пет натпревари заврши со нерешен резултат. Најмногу погодоци дури пет имало на 27 ноември 2011 година кога Пелистер триумфирал со 3:2.

ПРОСТОР ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА, КОНТАКТ: 074 241 247

Што се однесува до денешниот натпревар трите бодови се императив и за двете страни, натпреварот е од голема важност и за двете екипи, кои атакуваат на директен влез во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи се квалитетно засилени и тоа треба да понуди супер-дерби во Битола за сите гледачи, како и неизвесноста и погодоци, како што вели традицијата.

  • Продолжување на победничката низа:

На „Билјанини Извори“ во Охрид ќе се соочат непоразениот лидер Воска Спорт и Беса од Добри Дол. Според формата и домашниот терен Воска ќе биде фаворит за четврт сезонски триумф и нови три бодови.

Охриѓани одлично тргнаа и од коло во коло нижеа поголеми и поголеми победи. Со 0:2 славеа над Караорман во 1. коло, а потоа со 3:0 на домашен терен ја „потопија“ Локомотива Пехчево, додека пак во последното коло на гостински терен ја „збришаа“ Саса со високи 0:4.

Беса игра одлично во новата сезона која ја отвори со триумф од 1:2 токму над Саса, а потоа два пати ремизираше и тоа против Пелистер без голови и против Гостивар (1:1), двата големи фаворити за Прва лига. Дефинитивно Беса знае како против големи фаворити, а ќе видиме дали ќе знае и денес против Воска Спорт.

  • Дерби на Истокот:

Во Виница денес се игра соседското дерби меѓу Слога и Каменица Саса. Натпревар кој е многу важен и за двете екипи и кој секогаш привлекувал големо внимание. Иако според формата и домашниот терен Слога ќе биде голем фаворит, сепак Саса нема да излезе со бело знаме од причина што на ваквите натпревари моменталната форма не е пресуден фактор.

Двете екипи минатата сезона во рамки на Втората лига – Исток се бореа за местата кои водат во Прва лига. Саса нешто порано остана без шанси за влез во елитата, додека пак Слога до последно се бореше за историја. Во новата сезона Саса тргна катастрофално со три последователни порази. Алармот мора да биде вклучен, а денешниот натпревар е важен токму од тој аспект. Доколку „рударите“ не извлечат позитивен резултат и денес не забележа триумф, а со тоа и први сезонски бодови, дефинитивно ќе треба промени, со цел навремено и посериозно да ја започнат борбата за опстанок. Нов триумф за Слога би значело и прогрес кон првите пет места на табелата.

Беласица на домашен терен ќе бара враќање на победничките патеки против Локомотива Пехчево. Мечот е од голема важност за струмичани кои лошо ја започнаа новата сезона и се далеку од конкурентен тим за Прва лига.

Вила покрај Беровското езеро со џакузи и голем базен

Струмичката гордост и дефинитивно е далеку барем според моменталните резултати од главните фаворити за Прва лига, со само три бода и скор од два порази и една победа, Беласица е на десетото место со 3 освоени бодови.

Во лоша форма е и фузираната Локомотива Пехчево, која е на 14-тото место со само еден освен бод. Домашниот терен ќе биде предност за Беласица и според тоа ќе биде во фаворитската предност за втор сезонски триумф и нови три бода.

  • Големо дерби во Тетово:

Како во старите добри времиња – во Тетово ќе гледаме соочување на Тетекс и Караорман. Тетекс пред неколку сезони се врати во второлигашкото друштво, а Караорман минатата сезона преку баражот по повеќе од една деценија се врати во вториот по ранг натпреварување во нашата држава.

Тетекс имаше лоши резултати за време на пријателските натпревари во рамки на подготовките, а со лоши резултати започна и во новата сезона. „Штофарите“ загубија од Охрид и Детонит Плачковица, додека пак беа подобри од Борец во Велес. Од друга страна Караорман е нешто подобар. На стартот од сезоната забележа пораз во дербито покрај Охридското Езеро од Воска, ремизираше без голови во Виница и забележа висока победа над Беласица (3:1).

И двете екипи во претходното коло забележаа високи и важни победи, токму денес и двете екипи ќе сакаат продолжување на победничката низа и нови три бодови. Дефинитивно ќе гледаме едно неизвесно соочување во Тетово каде ќе има голема борба за втор сезонски триумф.

Ресторан во Дојран познат по специјалитетот- риба на трска и фантастичниот поглед на Дојранското Езеро

Вардар на домашен терен ќе го пречека составот на Борец од Велес. Според формата, домашниот терен, како и квалитетот, Вардар ќе биде апсолутен фаворит за трет сезонски триумф.

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб кој е еден од фаворитите за враќање во македонската фудбалска елита на стартот запиша две победи, а во Радовиш одигра 1:1 против Детонит Плачковица.

Борец кој минатата сезона испадна од Првата лига, за време на летните подготовки имаше хаотичен период. Откако имаше најави за превземање од страна на лица од Србија, истите се повлекоа и клубот остана на цедило, па експресно се изнајде решение со цел клубот да не се распадне и да ја започне сезоната. Но, тоа имаше големо влијание и на стартот од сезоната кога Борец „потона“ со три високи порази и дефинитивно ќе има тешка задача кога е во прашање опстанокот, доколку многу работи не се променат во Велес.

Пицерија Скар – во самото срце на прекрасното Крушево, традиција уште од 1997

Засилениот Кожуф денес ќе биде домаќин на разиграната екипа на Детонит Плачковица од Радовиш. Домашниот состав тргна со два порази од Пелистер и Арсими, додека пак во претходното коло одигра „нула“ против Охрид на „Билјанини Извори“. Ваквите резултатит денес ќе направат притисок кон Кожуф за прв сезонски триумф. Домашниот терен и домашните навивачи ќе бидат предност за Кожуф во меч против противник кој е на високото второ место и кој игра одличен фудбал.

Радовишани стартуваа со триумф од 2:0 над Беласица, а победничката низа ја продолжија и во Тетово каде со 1:3 славеа над Тетекс. Одличната игра продолжи и во претходно коло против Вардар на домашен терен, меч кој заврши без победник (1:1), а радовишани можат да жалат за овој резултат бидејќи беа одличен и подобар противник од Вардар.

Во Чегране ќе гледаме соочување на новиот второлигаш Арсими и Охрид Лихнидос. Меч важен и за двете екипи, бидејќи со триумф ќе направат прогрес и ќе се одлепат од екипите кои ќе бркаат опстанок.

Арсими има скор од два порази и една победа, додека пак Охрид има скор од пораз, победа и реми.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!