ФудбалФудбал - Прва женска лига

Дерби пресметка меѓу ЖФК Тиверија и ЖФК Скопје, ЖФК Деспина Прилеп домаќин на ЖФК Плачковица

Викендот со натпреварите од 16. коло започнува пролетната полусезона од Првата женска фудбалска лига.

Колото ќе биде отворено со дербито во Тетово меѓу домаќинот ЖФК Шкендија и ЖФК Ас Јунајтед од Струга. Домаќинот засилен со неколку искусни имиња ќе се бори за опстанок во Првата лига, односно сезоната да ја заврши во првите осум екипи, додека гостинот од Струга доаѓа мотивиран за победа и задржување на чекорот со лидерот Каменица Саса. Дуелот ќе го суди Велевачкоска Ирена, а ќе и помагаат Спиркоска Тофилоска Весна и Домазетовска Ангела.

Во Битола ќе се судрат ЖФК Атлетико и ЖФК СЦ Истатов, дуел кој исто така ќе биде важен и за двете екипи кои ќе водат борба за пласман во првите осум и сигурен опстанок во прволигашкото друштво за следната сезона. Домаќинот на натпреварот ќе го искористи домашниот терен за изненадување, а засилениот гостин од Дојран според формата ќе биде фаворит.

Во недела се игра дербито на колото во Струмица, каде екипите кои претендираат за прво место ЖФК Тиверија и ЖФК Скопје ќе ги одмерат силите. Дербито ќе го суди Пројковска Ивана, а ќе и помагаат Илиевска Снежана и Цветановиќ Тамара.

Засилената екипа на ЖФК Љуботен од Тетово пролетната полусезона ја отвара на домашен терен против ЖФК Топ Гол. Натпревар во кој домаќин влегува како голем фаворит за победа и три бодови со оглед на големите и искусни имиња кои ги има во тимот. Двете екипи имаат за цел пласман во првите осум и сигурен опстанок, па тоа ќе понуди и голема неизвесност на самиот меч.

Лидерот ЖФК Каменица Саса на домашен терен го чека „фенерџијата“ ЖФК Кочани и тука не треба да се доведува во прашање победата и трите бодови за домаќинот.

Во Прилеп ќе се соочат ЖФК Деспина Прилеп и ЖФК Плачковица од Радовиш, во меч каде домаќинот е апсолутен фаворит за победа и нови три бодови. ЖФК Деспина атакува на шампионска титула, додека радовишката екипа е без никакви шанси за опстанок во прволигашкото друштво. Дуелот ќе го суди искусниот Исмаили Музафер, а ќе му помагаат Абази Имран и Шоповски Славче.

Во Велес екипата на ЖФК Борец ќе биде домаќин на ЖФК Шкупи. Двете екипи ќе имаат тешка задача во борбата за опстанок, па тоа ќе понуди и интересна пресметка за трите бодови.

Пред стартот на пролетната полусезона лидер во Првата женска фудбалска лига е ЖФК Каменица Саса со 39 бодови, четири помалку има ЖФК Тиверија, додека на делба на третото место се екипите на ЖФК Деспина од Прилеп, ЖФК Скопје и ЖФК Ас Јунајтед од Струга со по 34 освоени бодови. Овие екипи ќе ја водат борбата за шампионската титула.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!