ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Дерби-пресметка меѓу Велешта и Скопје во ВМФЛ – Запад

Есенскиот шампион Скопје ќе има тешко гостување кај екипата на Велешта која на домашен терен сѐ уште e непоразена. Во дербито на последното коло од есенскиот дел на сезоната ќе има голема борба за победа и три бодови.

Велешта минатата сезона беше дел од Третата лига, а во новата сезона во Втората лига отвори одлично и со 29 бодови во моментот е на второто место на табелата, а има негатива од 7 бодови во однос на лидерот Скопје. Резултатите и формата на екипата направи да растат апетитите и за првото место, па денес е идеална шанса за реализација на истите и доближување до врвот. Во досегашниот тек од сезоната Велешта на домашен терен сѐ уште нема претрпено пораз, па тоа ќе биде мотив плус за да дојде до позитивен резултат против лидерот Скопје.

Скопје на гостински терен имаат запишано само еден пораз, оној од 6. коло каде со 2:0 беше поразен од Гостивар. Победата за нив е важна бидејќи бодовната разлика ќе биде зголемена, со тоа и шансите за директен влез во ПМФЛ значително ќе бидат зголемени.

Првиот меѓусебен дуел одигран на „Железара“ ова сезона заврши нерешено со резултат 1:1. Се играше отворен натпревар во кои двете екипи атакуваа на победа. Први до водство дојдоа домаќините, а гостите од Велешта во вториот дел израмнија на конечните 1:1.

Главен судија на мечот ќе биде Тефику Ндерим од Куманово, додека негови помошници ќе бидат Петковски Мартин и Андевски Бојан, исто така од Куманово. За четврт судија одреден е Русевски Никола од Скопје. Мечот ќе започне со почеток во 13:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!