Дерби пресметка меѓу Речица и Врапчиште, Велазерими домаќин на Трабзонспорт

Викендот се играат натпреварите од 11. коло на Третата фудбалска лига – Запад.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
В сабота екипата на Дрита на теренот во Боговиње ќе го пречека Камјани во меч каде домаќинот ќе биде голем фаворит за трите бодови. Во Кичево ќе се соочат Напредок и Љуботен каде трите бодови ќе бидат императив и за двете страни.
Останатите три натпревари ќе се одиграат в недела. Велазерими на домашниот терен во Кичево ќе ги одмери силите со Трабзонспорт каде домашниот состав ќе биде апсолутен фаворит за трите бодови, Зајази ќе игра против Пролетер.
ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247
Во Голема Речица ќе се одигра големата дерби пресметка меѓу второпласираната Речица и третопласираната екипа на Врапчиште каде трите бодови ќе бидат повеќе од потребни и за двете екипи кои силно атакуваат за освојување на врвот во Западот.
Сите натпревари ќе започнат во 14:30 часот.