ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Дерби пресметка меѓу Победа и Беласица на „Гоце Делчев“, Слога 1934 на дерби против Саса

Денес во рамки на 30. коло од Втората лига – Исток се играат многу важни натпревари кога е во прашања промоцијата во Прва лига, но и опстанокот во Втора лига за следната сезона.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп кој се очекува да биде исполнет и да „крца“ ќе се одигра најголемата дерби пресметка меѓу Победа и Беласица. Овој меч ќе биде од голема важност и за двете екипи кои посакуваат директен влез во Прва лига. За прилепчани ќе значи враќање во фудбалската елита по долги години во второлигашкото друштво, а пак за струмичани експресен кам-бек во елитата, откако минатата сезона експресно отпаднаа од ПМФЛ.

Многу веројатно е дека победникот од денешниот меч ќе остане во трка за првото место, а пак поразениот ќе остане во трка за бараж за Прва лига.

Во првиот нивен меѓусебен дуел Победа беше минимално (0:1) подобра од Беласица во Струмица, а пак на втората пресметка во Прилеп двете екипи го поделија „пленот“ играјќи 0:0.

Слога 1934 Виница го држи врвот на Истокот и денес може да направи сериозен исчекор кон историско учество во Прва лига, но секако ако забележи триумф над Каменица Саса на домашен терен. „Рударите“ ги загубија шансите по трите врзани кикса, па денес Виничани кои имаат бод предност пред Победа и Беласица ќе важат за големи фаворити против гостите од Македонска Каменица.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Осогово кој е во длабока резултатска криза со четири нанижани порази во Гевгелија против Кожуф ќе брка победа и три бодови доколку сака опстанок во Втора лига за следната сезона. „Жетварите“ ќе имаат многу тешка задача и многу веројатно само три бодови би биле најдобра опција кога е во прашање опстанокот. Кожуф е петото место на табелата со 4 бодови предност пред конкурентите за опстанок.

Детонит на домашен терен ќе важи за фаворит против отпаднатата Локомотива од Градско. Доколку радовишани ја оправдат фаворитската улога на свој терен тогаш ќе чекаат киксови на конкурентите за опстанок со цел да направат бодовна разлика.

Пехчево ќе биде домаќин на отпаднатиот Братство кој по една година во Втора лига се враќа во Трета лига – Југ. Домашниот тим по два врзани порази ќе бара три бодови против гостите од Житоше со цел да продолжи на патот кон опстанок.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!