Дерби пресметка меѓу Фортуна и Њу Старс, Башкими против Њу Јорк

Викендот се играат натпреварите од 11. коло од Третата лига – Север.
Колото ќе биде отворено во сабота со натпреварот меѓу Башкими и Њу Јорк, кој ќе стартува во 13:00 часот, сите останати натпревари се играат во недела.
Дербито на колото ќе го одиграат Фортуна и Њу Старс. Двете екипи атакуваат на првото место и влез во Втората лига – Запад. Фортуна е второпласирана на табелата и домашниот терен ќе биде нивна предност, додека Њу Старс кој е трет на табелата влегува силно мотивиран за победа и три бодови.
Риниа на домашен терен ќе се соочи со Илинден, во натпревар каде домаќините ќе бидат фаворити за победа. Средбата е закажана во 13:00 часот.
Студена Вода минатото коло го загуби дербито од лидерот Беса Влазрими, па веќе во недела ќе има шанса за поправен со екипата на Локомотива Бентоекспорт и враќање на патот кон првото место. Натпреварот ќе започне во 13:00 часот.
ССК Нова во Скопје го чека лидерот Беса Влазрими. Гостите доаѓаат како големи фаворити за победа и три бодови, а домаќинот кој има млада екипа ќе се обиде да направи изненадување. Средбата ќе започне порано од предвиденото, односно во 10:00 часот.
Расположениот Петровец на домашен терен ќе има сериозна задача со Маџари Солидарност. Екипата на Петровец одигра солидна есен, а пролетниот дел го отвори со убедливата победа над Речица од 0:4. Гостите доаѓаат со притисок за победа и три бодови со цел да го задржат чекорот со лидерот на табелата, па токму тоа и ќе го направи овој натпревар вистиско дерби.
Аеродром на домашен терен ќе биде фаворот против „фенерџијата“ Речица додека Раштак на домашен терен ќе ги одмери силите со Волково. Двете средби стартуваат во 13:00 часот.
Табелата од Третата лига – Север можете да ја погледнете ОВДЕ.
Сите натпревари ќе бидат одиграни без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.