ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Дерби од дното меѓу Пелистер и Беласица, бодовите неопходни за двата тима

Во недела на „Под Тумбе Кафе“ се игра дерби од дното меѓу Пелистер и Беласица, во меч од 17. коло од Првата македонска фудбалска лига. Мечот е важен и за двете екипи кои водат битка за опстанок во елитата. Двете екипи се во резултатска криза, а ако се погледат последните пет натпревари, тогаш дефинитивно битолчани имаат потешка криза, бидејќи имаат пет последователни порази, додека Беласица има победа, реми и три порази.

Во однос на табелата, Беласица е последна со 9 бодови, додека Пелистер со 12 бодови е место погоре, што значи дека и двете екипи се во опасната зона за испаѓање. Пелистер го доби првиот дуел со Беласица во Струмица со резултат од 0:2, па струмичани во Битола одат по одмазда и три бодови.

Трпчевски Стојанче од Кавадарци ќе биде главен судија на мечот во Битола, додека негови помошници ќе бидат Трпчевски Драган и Панов Душко, исто така од Кавадарци. За четврт судија на мечот е делегиран Мантев Петар од Неготино.

Натпреварот ќе започне во 13:00 часот и ќе се игра без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштите од Ковид-19.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!