ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Дерби на Воска Спорт и непоразениот Силекс, Вардар ќе се поправа против Велешта

Денес на „Билјанини Извори“ се игра големото дерби меѓу второпласираната Воска Спорт и непоразениот лидер Силекс. Дерби за три бодови, за нов триумф, за Прва лига. По дванаесет одиграни кола Силекс е единствениот непоразен клуб во Првата и двете Втори лиги.

Силекс ништо не го запира – на последните пет натпревари има пет победи, но тешки и големи победи. Во две недели триумфираше над Вардар, потоа над Охрид и ја исфрли Брегалница од Купот и со тоа обезбеди полуфинална фаза и чекор поблиску до одбрана на Куп титулата.

Момците на Цицмиловиќ пред себе имаат сериозен противник кој успешно чекори кон експресен кам бек во елитата, но и Воска Спорт има силен мотив бидејќи токму на овој терен во претходното коло го „тресна“ Вардар и покажа дека има силни амбиции за историски пласман во фудбалската елита на Македонија. Дефинитивно денес ќе гледаме вистинско фудбалско дерби со сите нишани.

Токму кога сите мислеа дека Вардар се стабилизира и почна да реди победи, се случи спротивното – во две недели два пати беше поразен од главните конкуренти за Прва лига – Силекс (1:2) и Воска Спорт (2:1). Денес „вардарци“ пред себе ќе ја имаат екипата на Велешта која е во позитивна серија резултати и направи сериозен исчекор на табелата, па за најтрофејниот македонски клуб денешниот натпревар ќе биде доста незгоден и важен. На Вардар денес му треба победа или во најлоша варијанта реми, бидејќи со пораз може да се спушти и на четвртото место, па во тој случај ќе ги закомплицира работите за експресен кам бек во елитата. За екипата која минатата сезона се бореше за бараж за Прва лига се освен пораз ќе биде позитивен резултат во битката која сега се води за сигурен опстанок во Втора лига.

Во Дебар ќе гледаме дуел на двете екипи кој немаат триумф на последните пет натпревари – Кораби ќе биде домаќин на Беса. Домашните се во нешто подобра форма, во однос на гостите, а домашниот терен ќе биде предност за Кораби за петто сезонско славје.

Гостивар ќе биде домаќин на можеби веќе „отпишаниот“ Кадино кој од следната сезона ќе настапува во третолигашкото друштво. По лошиот старт сезонава на Гостивар, екипата се стабилизираше и сега се наоѓа во овој дел кој гарантира сигурен опстанок, односно е на делба на шестото место на табелата со екипата на Велешта. Кадино нема триумф на последните пет натпревари, а последен пат забележа реми на 30 октомври против Беса, од тогаш реми само порази. Многумина веќе го гледаат Кадино како третолигаш.

Тетекс на домашен терен ќе се судри со Охрид. Домашните се во многу подобра форма и се наоѓаат на високото четврто место и го напаѓаат Вардар кој е трет со три бода повеќе. Охрид излезе од длабоката резултатска криза и запиша две победи, со тоа ги врати надежите за сигурен опстанок, но потоа следуваше поразот во Кратово од Силекс. Сè освен пораз за охриѓани, би било позитивен исход од тешкото гостување кај Тетекс.

Сите натпревари ќе стартуваат во 13:00 часот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!