Дерби на Работнички и Струга Трим Лум – кој прв ќе стави крај на лошата резултатска криза ?

По завршувањето на репрезентативната пауза денес се враќаат натпреварите од 25. коло на Првата македонска фудбалска лига.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Денес Работнички на домашен терен ќе го пречека составот на Струга Трим Лум. И двете екипи на Националната арена ќе истрчат во многу лоша форма и ќе се обидат денес да стават крај на лошата форма, кој прв ќе излезе од резултатската криза ?
Во првиот меѓусебен сезонски двобој покрај езерото немаше погодоци (0:0), а пак покрај езерото Струга беше минимално подобра од Работнички (1:0) со погодокот на Клисман Цаке.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Момците на Борче Христов посакуваат одмазда за поразот од Струга, а денешниот меч е од голема важност и за двете екипи со цел да не го загрозат опстанокот во елитата, бидејќи Скопје и Тиквеш чекаат кикс токму на овие две екипи.
Натпреварот ќе стартува во 15:00 часот, а останатите дуели ќе бидат одиграни утре во ист термин.