ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дерби на колото за врвот меѓу Црно Буки и Караорман, дерби и во Враништа

В недела се игра 11. коло од Третата фудбалска лига – Југозапад кое ќе донесе многу возбудувања и неизвесности.

Дербито на колото се игра меѓу двата главни конкуренти за Втора лига – Црно Буки на домашен терен ќе го пречека непоразениот лидер Караорман. Меч кој е многу важен и за двете екипи кои водат тесна „трка“ за врвот од табелата. Стружани во досегашниот тек од сезоната не знаат за пораз и со 25 бодови се наоѓаат на првото место, додека пак Црно Буки кој во претходното коло загуби од Сатеска е втор со три бода помалку. В недела и двете екипи имаат силен мотив – Црно Буки да се врати на победите и да се израмни со Караорман на табелата, а пак стружани доаѓаат силно мотивирани по одличната форма особено на последните неколку натпревари каде фудбалерите на Караорман постигнуваат повеќе од четири погодоци.

Возбудувања ќе има и на дербито во Враништа каде Македонија ќе ја пречека екипата на Сатеска која сезонава е пријатно изненадување. Двете екипи од сенка го напаѓаат непоразениот лидер од Струга, па во зависност од резултатите на овие два натпревари многу работи може да се „измешаат“ на табелата и да влеземе во една неизвесна завршница од есенската полусезона.

Кравари на домашен терен ќе бара излез од резултатската криза против екипата на Лирија од Грнчари која игра во многу подобра форма во однос на противникот. На последните три натпревари Кравари не знае за триумф – запиша два големи порази од Караорман и Сатеска, а против Стрела одигра само нула. Лирија е многу повеќе мотивирана за трите бодови, игра во одлична форма, а потврда е триумфот во претходното коло над Победа од Ивањевци со убедливи 10:0 на домашен терен.

Влазними дома ќе игра против Стрела во мала дерби пресметка од дното на табелата. И двете екипи се далеку од идеална форма. Влазними ќе брка трет сезонски триумф, додека пак Стрела ќе бара втора сезонска радост.

Во претходното коло Демир Хисар доживеа голем пораз откако на гостување кај Октиси доби „петарда“, а веќе в недела го очекува нов тежок натпревар против Новаци. Домашниот терен е на страната на Демир Хисар кој ќе бара враќање на победите против гостинот кој сезонава цели кон враќање во Втора лига, но не оди според очекуваното. Во претходното коло Новаци во триумфираше над Влазними со убедлив резултатот, откако претходно одигра само 1:1 во дербито во Враништа.

Во Ресен ќе се соочат Преспа и Октиси кои имаат идентичен скор на табелата и имаат по девет освоени бодови. Победата ќе биде императив и за двете екипи, па со три бода може да направат скок кон средишниот дел од табелата.

Сите натпревари ќе започнат во 13:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!