ОстанатоФудбалФутсал

Дерби на колото во Битола: Конзули домаќин на Кеги Моби, Астибо против Клими

Викендот на програмата се натпреварите од 5. коло од Втората футсал лига на Македонија. Колото ќе биде отворено веќе утре каде во Тетово екипата на СЕЕ Университи ќе го пречека СФК Проект. Натпреварот ќе стартува во 19:00 часот.

Во недела ќе бидат одиграни четири натпревари. Во 16:30 часот во Штип Мал Ајакс ќе го пречека Црешево Топче во меч каде домаќинот ја има фаворитската улога за трите бодови. Гостите од Пробиштип доаѓаат по први сезонски бодови. Еден час подоцна Форца на домашен терен ќе игра против Кардшлк каде ќе важи за голем фаворит, а пак во 18:00 часот Овче Поле во Свети Николе ќе биде домаќин на Велешта.

Еден час подоцна Астибо на домашен терен го очекува доста тежок дуел против Клими. Штипјани како предност го имаат домашниот терен, коронавирусот им направи вистински проблеми – па в недела ќе бидат без тренерот Митров, како и без Божинов и Николовски кои се позитивни на Ковид-19, додека пак Марковски е повреден.

Дербито на колото се игра во Битола каде ќе се судрат водечките Конзули и Кеги Моби кои имаат по 12 освоени бодови од четири натпревари. Двете екипи во директна пресметка ќе решаваат за првото место на табелата. Натпреварот ќе биде одигран во понеделник со почеток од 19:30 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!