ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дерби на колото меѓу Речица и Аресими, дуел меѓу Напредок и Љуботен во Кичево

Утре стартува пролетната полусезона од Третата лига – Запад, со натпреварите од 10. коло.

Големо дерби ќе се игра на Градскиот стадион во Кичево, каде Напредок ќе биде домаќин на Љуботен. Двете екипи одиграа лоша есенска полусезона, па веќе утре ќе имаа шанса да го поправат тој впечаток. Неизвесен дуел и голема борба за победа и три бодови.

Камјани на домашениот терен во Камењане ќе ја пречека екипата на Зајази. Дуел меѓу двете екипи кои на табелата се една под друга со еден бод разлика, па трите бодови ќе бидат императив за двете страни со можност за прогрес од едно место на табелата.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Дербито на колото ќе се игра во Голема Речица, каде ќе се соочат екипите на Речица и Аресими. Дуел во кој и двете екипи ќе се обидат да ги освојат трите бодови, бидејќи на првото место и влез во Втората лига – Запад. Домаќинот е на третото место со 15 бодови, додека Аресими со два повеќе е на второто место на табелата.

Колото ќе биде комплетирано во недела, кога ќе бидат одиграни останатите два натпревари.

„Фенерџијата“ Пролетер на домашен терен ќе се соочи со екипата на Трабзонспорт. Иако на гостински терен, сепак Транбзонспорт ќе биде фаворит за победа и три бодови, поради подобрата форма и квалитетот во екипата.

Во Теарце, Нераште ќе биде домаќин на непоразениот лидер Беса од Добри Дол кој доаѓа како голем фаворит за нова победа и нови три бодови, а со тоа и чекор поблиску до Втората лига – Запад.

Сите натпреварите ќе започнат во ист термин, односно во 15:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!