ОстанатоФудбалФутсал

Дерби на колото меѓу Проект и Арбен Бајрами, Црна Река против Шкендија

Денес ќе биде отворено 5. коло од Првата футсал лига на Македонија во Струга каде ќе се соочат Енхалон и Шкупи. Формата, квалитетот и искуство го прави Шкупи да биде голем фаворит во Струга за трите бодови во однос на последнопласираниот Енхалон. Натпреварот ќе започне во 19:00 часот.

В сабота ќе бидат одиграни останатите четири натпревари. Со почеток од 19:00 часот шампионот Проект на домашен терен во Валандово го игра дерби на колото со лидерот Арбен Бајрами. Актуелниот футсал шампион по четири одиграни кола има скор од три победи и еден пораз, со девет бодови Проект е трет, додека пак Арбен Бајрами со максимални 12 бодови се наоѓа на врвот од табелата.

Во ист термин ќе стартува и натпреварот меѓу Железарец и Карадаку, каде трите бодови ќе бидат императив и за двете екипи.

30 минути подоцна ќе стартува дуелот меѓу Црна Река и Шкендија во Кавадарци. Двете екипи со по три бодови ја делат шестата позиција на табела. Домашниот терен ќе биде предност за Црна Река која атакува на втора сезонска победа.

Во 20:00 часот ќе биде одигран последниот натпревар од 5. коло меѓу Јувентус Серава и Велес. Домаќинот е во мала предност за трите бодови поради домашниот терен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!