
Денес со два натпревари ќе биде отворено 15. коло од Првата футсал лига на Македонија.
На Чаир се игра големото дерби меѓу Јувентус Серава и актуелниот шампион Шкупи. Дерби во кое Шкупи нема право на грешка и мора да победи и да дојде до трите бодови, со цел да го следи лидерот Проект. Дуелот стартува во 17:00 часот, а прв судија ќе биде Музафер Исмаили, додека за втор судија е делегиран Славче Шоповски.
Вечерва во 19:30 часот Црна Река на домашен терен ќе се соочи со второпласираната екипа на Арбен Бајрами, која во Кавадарци доаѓа како голем фаворит за победа.
Утре, лидерот Проект ќе се соочи со екипата на Мал Ајакс од Штип. Апсолутен фаворит е Проект кој трите бодови ќе го носи во Валандово.
Во недела, Велес ќе биде домаќин на Карадаку, во меч каде според формата гостинот ќе биде благ фаворит.
Колото ќе биде во понеделник. Кеги Моби од Велес и Кратово, каде велешката екипа е голем фаворит.
Астибо ќе биде домаќин на Железарец, каде штипјани ќе имаат тешка задача за да направат изненадување против големи фаворит.