ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дерби меѓу Црно Буки и Македонија Враништа, Новаци гостува кај Сатеска

Викендот продолжуваат натпревари од 3. коло во Третата лига – Југозапад, кое наместо в недела поради локалните избори ќе се одигра в сабота, освен мечот меѓу Караорман и Октиси кој е закажан за среда (27 октомври) за што веќе Спортска Мрежа информираше.

Дербито на колото ќе се одигра меѓу Црно Буки и Македонија Враништа која е моментален лидер на табелата, додека пак Новаци ќе гостува кај Сатеска во Волино. Кравари ќе се обиде да го поправи лошиот впечаток на стартот од новата сезона против Влазними и ќе атакува на први бодови во новата сезона, а Лирија на домашен терен ќе ги одмери силите со екипата на Преспа. Победа во Ивањевци ќе биде домаќин на новиот третолигаш Демир Хисар.

Како што кажавме претходно, колото треба да биде комплетирано на 27 октомври, со мечот меѓу Караорман и Октиси, а за 27 октомври, исто така е закажан и мечот од 1. коло меѓу Преспа и Сатеска.

Сите натпревари ќе започнат во 14:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!