Дерби меѓу Шкупи и Вардар, Силекс домаќин на Струга Трим Лум

Утре се игра вонредното 16. коло од Првата лига. Лидерот Шкендија во Тетово ја чека последнопласираната Беласица, во меч каде домаќините се апсолутни фаворити. Македонија Ѓорче Петров на домашен терен ќе се соочи со очајниот Пелистер кој нема право на грешка на утрешниот натпревар. Битолчани се во голема резултатска криза и на последните пет натпревари имаат пет порази, а во утрешниот меч фаворитската улога е кај расположените „лавови“.
На теренот на ФФМ се игра дерби меѓу расположениот Шкупи и актуелниот шампион Вардар. Екипата на Шкупи е еден од посериозните кандидати за шампионска титула, а на утрешниот натпревар ќе важи за фаворит.
Работнички на домашен терен ќе се судри со Ренова која игра одлично после тренерската смена. Во меѓусебниот скор „романтичарите“ може да се пофалат со три победи, еден пораз и едно реми, но, „гипсарите“ утре доаѓаат со позитивна серија на резултати и силно мотивирани за победа и три бодови.
Интересен дуел ќе се игра во Кратово, каде ќе се судрат домаќинот Силекс и амбициозната Струга Трим Лум. Кратовци излегоа од резултатската криза и се искачија на петтото место на табелата со 21 бод, додека Струга Трим Лум со ист број на бодови е место подолу. Иако Силекс на овој меч ќе важи за фаворит, Струга се надева на позитивен резултат на тешкиот терен во Кратово.
Академија Пандев нема право на грешка и утре на СЦ „Пандев“ ќе истрча со единствена цел – победа и три бодови против одличниот Борец. „Пандевци“ во новата сезона стартуваа лошо и никако да пронајдат решение за лошите резултати, додека Борец игра одлична сезона и во моментот е на високото чеврто место на табелата.
Сите натпревари ќе започнат во 13:00 часот и ќе бидат одиграни без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.958Опфатени луѓе56ИнтеракцијаПромовирањето е недостапно