ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дерби меѓу Преспа и Новаци, лидерот Воска домаќин на Кравари

Во среда се игра вонредното 10. коло од Третата лига – Југозапад.

Лидерот Воска Спорт во Охрид ја чека амбициозната екипа на Кравари. Домаќините на овој меч ќе важат за големи фаворити за нова победа, но, Кравари во Охрид доаѓа силно мотивиран и подготвен за позитивен резултат со цел да го следи врвот.

Караорман ќе гостува во Ивањевци каде ќе ги одмери силите со екипата на Победа. За домаќините натперварот ќе биде доста тежок бидејќи се во голема резултатска криза, додека гостите од Струга кој ќе важат за апсолутни фаворити доаѓаат по три бодови.

Третопласираниот Новаци ќе гостува во Ресен каде ќе одигра големо дерби со екипата на Преспа. Домаќините влегуваат силно мотивира после двете врзани победи, па во среда ќе атакуваат на нова победа и три бодови, со цел да направат прогрес кон врвот. Новаци игра одлична есен и со 19 бодови е на третото место на табелата, па на овој натпревар поради одличната форма ќе важат за благи фаворити.

Црно Буки после вчерашниот минимален пораз во Ресен од Преспа во среда ќе оди на победа против екипата на Фламуртари. Домаќините на овој меч ќе бидат големи фаворити кој ќе атакуваат на седма сезонска победа и три бодови.

Октиси на домашен терен силите ќе ги одмери со екипата на Белица. Формата го фаворизира Октиси кој на овој меч ќе биде апсолутен фаворит за нова победа.

Сатеска во Волино ќе одигра дерби натпревар со екипата на Дебарца. Домаќините ќе го користат домашниот терен со цел да дојдат до победа и три бодови, но, од друга страна гостите после вчерашната победа од 3:1 над Октиси имаат голем мотив за позитивен резултат.

Влазини на домашен терен ќе соочи со „фенерџијата“ Стрела, каде домаќините ќе бидат големи фаворити.

Македонија на домашниот терен во Враништа ќе се обиде да излезе од резултатската криза против екипата на Лирија, која исто така е во резултатска криза.

Натпреварите ќе започнат во 13:00 часот и ќе бидат одиграни без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!