ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Дерби меѓу Пехчево и Кожуф, Слога 1934 сака три бода, Саса на испит против Осогово

Денес се играат натпреварите од 21. коло на Втората фудбалска лига – Исток. Интересен дуел ќе гледаме во Македонска Каменица каде екипата на Саса ќе биде исправен пред тежок испит во дуелот со Осогово. Трите бодови ќе бидат императив во меч кој треба да биде доста израмнет и неизвесен. Саса сака триумф со цел да продолжи да го напаѓа врвот, а пак три бода за „жетварите“ ќе значи и скоро обезбеден опстанок во второлигашкото друштво за следната сезона.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Беласица ќе биде апсолутен фаворит против Локомотива од Градско. Струмичани ја имаат најдобрата форма на последните пет натпревари и со тоа се израмнија на табелата со Победа со по 41 бод, а само еден помалку од лидерот Слога 1934 од Виница. Локомотива е закова на дното од табелата и екипата и дефинитивно без разлика на денешниот исход е нов третолигаш.

Победа на „Гоце Делчев“ ќе се соочи со екипата на Братство од Житоше која ќе важи за незгоден противник. Во меч каде трите бодови ќе бидат потребни и за двете екипи, Победа ќе влезе како фаворит. Триумф за Победа може да значи и искачување на врвот од табелата, во случај на кикс на Слога 1934 против радовишки Детонит, а пак од друга страна три бода силно посакува Братство со цел да ги одржи надежите во живот за опстанок.

Слога 1934 и покрај предупредувачкиот штрајк на фудбалерите за доцнењето на плата за месец февруари во изјва за Спортска Мрежа порачаа дека и покрај сите препреки што се случија, денес настапуваат уште посилни. Лидерот на табелата ќе биде домаќин на Детонит од Радовиш кој води борба за опстанок. И на овој меч ќе гледаме борба за трите бодови кои се повеќе од потребни и за едните и за другите. Фаворитската улога ќе ја има Слога 1934, а домашниот терен и домашните навивачи ќе бидат ветер во грб за момците на Никола Кузманов. Од друга страна радовишани ги очекува многу тежок натпревар, со позитивен исход во Виница екипата на Детонит ќе ги зголеми значително шансите за опстанок во второлигашкото друштво.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

На градско стадион во Пехчево ќе гледаме дерби пресметка за сигурен опстанок меѓу екипата на Пехчево и Кожуф од Гевгелија. Израмнет натпревар во кој и двете екипи претендираат за триумф. Момците на Варадиновски немаат повеќе право на грешки и денес мора да го пронајдат патот до победа со цел да не се доведат во ситуација Детонит да се израмни со нив на табелата и Пехчево да влезе во уште потешка борба за опстанок. Кожуф е место погоре на табелата со три бода повеќе од денешниот противник, а со триумф би можел да се искачи на петото место на табелата, односно да заврши пред Осогово во случај на кикс на „жетварите“ во Македонска Каменица.

Сите натпревари ќе започнат во 15:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!