Дерби меѓу Новаци и Црно Буки, Караорман домаќин на Преспа

Викендот се игра 11. коло од Третата лига – Југозапад. Колото ќе биде отворено во сабота со дерби натпреварот меѓу Новаци и Црно Буки. Овој натпревар ќе го привлече најголемото внимание, бидејќи двете екипи претендираат за врвот и првото место. Домаќините после поразот од Преспа во минатото коло, ќе атакуваат на победа против Црно Буки, со цел да се врати на третото место, од друга страна во Новаци доаѓа амбициозната екипа на Црно Буки која во моментот е на високото трето место со два бода повеќе од домаќинот Новаци. Токму тоа и го прави дербито да биде интересено и возбудливо.
Дерби меч ќе се игра и во Струга, каде домаќинот Караорман ја чека расположена екипа на Преспа. Формата и домашниот терен го прави голем фаворит Караорман, но Преспа влезе во победнички ритам, па во Струга се надева на поволен резултат против второпласираната екипа.
Лидерот Воска ќе гостува во Грнчари каде ќе се соочи со екипата на Лирија. Гостите од Охрид на овој меч ќе бидат апсолутни фаворити за нова победа.
Кравари на домашен терен ќе се соочи со екипата на Победа од Ивањевци. После поразот од минатото коло од лидерот Всока, екипата на Кравари ќе има можност да се врати на победите против екипата на Победа која е во голема резултатска криза.
Стрела на домашен терен ќе игра против екипата на Македонија Враништа. Двете екипи се во резултатска криза, а овој меч кој ќе биде дерби од дното ќе биде одлична можност за излез од резултатската криза и прогрес кон средината од табелата.
Дебарца на домашен терен ќе се соочи со екипата на Влазними. На овој меч формата ги фаворизира гостите.
Беласица ќе има тежок натпревар на домашен терен со екипата на Сатеска од Волино, која во минатото коло славеше убедлива победа од 5:0 над Дебарца и ќе биде силно мотивирана за во недела.
Интересен дуел ќе се игра меѓу екипите на Фламуртари и Октиси Спорт. Домаќините ќе го искористат домашниот терен за да дојдат до победа. Гостите се надеваат на поволен резултат бидејќи со 3 бодови можат да направат скок од две места на табелата.
Сите натпревари ќе стартуваат во 13:00 часот.