ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дерби меѓу Новаци и Македонија Враништа, Кораб гостува кај Велмеј, Јанг Тим домаќин на Влазними

Со дербито в сабота меѓу Новаци и Македонија од Враништа ќе биде отворено 2. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад.

Дерби каде трите бодови ќе бидат императив и за двете страни. Новаци со триумф тргна во новата сезона и сака да наниже втора сезонска победа, бидејќи амбициите на екипата се атак на врвот и пласман во Втора лига преку бараж. Од друга страна, Македонија од Враништа ќе допатува да брка први бодови, бидејќи сезоната ја отвори со пораз од Сатеска.

ВАШАТА РЕКЛАМА ОВДЕ – МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА, КОНТАКТ 074 241 247

Останатите натпревари ќе бидат одиграни в недела.

Кравари по ремито без голови против Влазними, в недела ќе брка прва сезонска радост против Сатеска од Волино. Јанг Тим во луд меч загуби од Кораб, па в недела против Влазними ќе се надева на прва радост, додека пак Велмеј на домашен терен ќе има тешка задача против ланскиот второлигаш Кораб, кој доаѓа како фаворит за трите бодови.

Засилената Иднина Боровец на домашен терен ќе има тешка задача против Преспа, која ќе важи за фаворит, а во последно меч се соочуваат Демир Хисар и Лирија од Грнчари.

  • Второ коло Трета лига – Југозапад:

САБОТА 16:00 часот
Новаци – Македонија Враништа

НЕДЕЛА 16:00 часот
Кравари – Сатеска
Јанг Тим – Влазними
Велмеј – Кораб
Иднина Боровец – Преспа
Демир Хисар – Лирија

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!