ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дерби меѓу лидерот Росоман и Питу Гули, Вардар во Неготино го чека Обршани

В недела се играат натпреварите од 5. коло на Третата фудбалска лига – Југ.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Лидерот на табелата екипа на Росоман на домашен терен го очекува дерби дуел со второпласираниот Питу Гули од Крушево каде и двете екипи силно ги посакуваат трите бодови.

Вардар за првпат во новата сезона ќе заигра на домашниот терен во Неготино, а пред својата публика ќе ги одмери силите со Обршани.

Превалец на домашен терен ќе се соочи со Марена каде фаворитската улога ќе биде на страната на домаќинот, додека пак Бучин ќе биде домаќин на Младост 1930.

ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247

Слога 1976 на теренот во Лажани ќе се соочи со Ново Црнилиште, додека пак Возарци ДМД на домашен терен ќе брка први бодови против фаворитот Големо Коњари.

Сите натпревари ќе започнат во 15:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!