ФудбалФутсал

Дерби меѓу Клими и Астибо во Кавадарци, Црешово Топче домаќин на Мал Ајакс

Викендот ќе бидат одиграни три натпревари од 16. коло на Втората футсал лига на Македонија.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Дербито ќе биде одиграни во Кавадарци каде ќе се соочат Клими и Астибо екипи кои претендираат Прва лига. Двете екипи ја делат третата позиција на табелата со по 31, но штипјани имаат натпревар помалку.

Трите бодови ќе бидат императив и за двете екипи, па важноста на овој натпревар ќе биде голема. Астибо во Кавадарци ќе допатува силно мотивиран, откако во претходното коло во „Коле Нехтенин“ го добија дербито на колото против лидерот Кеги Моби. Натпреварот се игра в сабота со почеток од 20:00 часот. Дербито во Кавадарци ќе го судат Дејан Младеновски и Марјан Младеновски од Скопје.

Црешово Топче на домашен терен ќе се соочи со штипски Мал Ајакс во меч каде и двете екипи ќе бркаат победа за што подобар пласман на табелата. Домаќинот има 12 бодови и се наоѓа на деветото место на табелата, а пак Мал Ајакс во Пробиштип ќе брка осма сезонска радост. Натпреварот ќе биде одигран в сабота со почеток од 18:00 часот. Роберт Црвенов од Велес и Љупчо Клинкаров од Градско ќе го судат дуелот во Пробиштип.

ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247

Кардшлк е единствената футсал екипа во Македонија која во тековната сезона се уште нема освоено ниту еден бод. Штипјани во недела ќе бидат домаќини на фаворитот Форца, па се освен пораз за нив ќе биде позитивен исход и со тоа конечно ќе забележат позитивен резултат во новата сезона. Натпреварот ќе започне во 18:00 часот. Правдата на овој меч ќе ја дели Музафер Исмаили од Боговиње и Александар Крстевски од Битола.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!