ОстанатоФудбалФутсал

Дерби меѓу Форца и Астибо, Овче Поле против лидерот Кеги Моби

Утре се отвара 9. коло од Втората футсал лига на Македонија кое ќе биде последно за есенската полусезона.

Утре во Тетово ќе се соочат СЕЕ Университи и Клими со почеток од 19:00 часот, а пак во сабота во Штип Мал Ајакс ќе биде домаќин на битолски Конзули. Форца на домашен терен ќе игра дерби дуел со Астибо за второто место, Овче Поле го очекува незгоден меч против лидерот Кеги Моби на домашен терен, дерби од дното на табелата се игра во Штип каде ќе се соочат Кардшлк и Црешево Топче во битката за првите сезонски бодови.

Мечот меѓу Велешта и СФК Проект нема да биде одигран, бидејќи Велешта е дисквалификувана од натпреварувањето порад два неодиграни натпревари во Втората футсал лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!