Дерби меѓу Беса Влазрими и Маџари Солидарност, Башкими домаќин на лидерот Фортуна

Викендот се играат натпревари од 19. коло од Третата лига – Север, колото ќе биде отворено утре.
ССК Нова – Аеродром
Утре со натпреварот меѓу ССК Нова и Аеродром ќе биде отворено 19. коло. ССК Нова на теренот во Пржино ќе ја пречека екипа на Аеродром. Без изразит фаворит и израмнет натпревар, двете екипи ќе атакуваат за трите бодови со цел да направат прогрес кон средишниот дел од табелата.
Петровец – Илинден
Петровец на домашен терен ќе ги одмери силите со расположениот Илинден. Домашната екипа според формата и домашниот терен ќе биде фаворит, но Илинден после големата победа над Маџари од 3:2 на Пржино доаѓа силно мотивиран по седма сезонска радост.
Беса Влазрими – Маџари Солидарност
Во Слупчане ќе биде одигран дерби натпревар меѓу Беса Влазрими и Маџари Солидарност. Домаќинот е одлична форма и на домашен терен очекувано ја има фаворитската улога. Маџари минатото коло доживеа тежок пораз од Илинден кој со 3:2 го надигра фаворитот, па веќе во недела ќе има можност за поправен.
Башкими – Фортуна
Возбудлив дуел ќе се одигра меѓу Башкими и лидерот Фортуна. Домаќинот го очекува тежок натпревар со лидерот на табелата, па фаворитската улога ќе ја има Фортуна која има поквалитетна екипа и игра во далеку подобра форма. Башкими игра солидна пролет и успеа да стигне до средишниот дел од табелата со можност да продолжи да се искачува за уште неколку места, па тоа може да го направи натпреварот да биде возбудлив и да очекуваме неизвесност до самиот финиш.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – СЕВЕР ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Студена Вода – Раштак
На теренот во Доброшане ќе се соочат екипите на Студена Вода и Раштак. Домашната екипа според формата и квалитетот е фаворит за трите бодови, но гостинот влезе во добар ритам, па ќе се обиде да остане непоразен во недела.
Риниа – Њу Старс
Риниа на домашен терен ќе игра дерби со Њу Старс. Изразит фаворит на натпреварот ќе нема. Риниа е во поповолна ситуација бидејќи игра на домашен терен, но Њу Старс е во подобра форма, па во секој случај ќе гледаме неизвесен натпревар со голема борба по трите бодови.
Њу Јорк Волково
Њу Јорк на теренот во Бутел ќе ја пречека екипата на Волково, во натпревар каде домаќинот ќе биде апсолутен фаворит. Домаќинот е далеку поквалитетен и има одлична форма, наспроти Волково кој е на претпоследното место на табелата, па очекувано е трите бодови да останат дома.
Сите натпреври ќе стартуваат во 16:00 часот.