Дерби дуел меѓу Аресими и Беса, Зајази домаќин на Нераште

Утре со два натпревари ќе биде отворено 14. коло од Третата лига – Запад, а ќе биде затворено во недела со три натпревари.
Зајази – Нераште
Екипата на Зајази на домашен терен ќе ги одмери силите со Нераште. Домаќинот ќе ја има фаворитската улога која е во подобра форма и игра на домашен терен, додека Нераште го очекува тежок натпревар, па сè освен пораз ќе биде позитивен исход. Натпреварот ќе започне во 15:00 часот.
Љуботен – Трабзонспорт
Во Тетово ќе биде одиграно дерби меѓу Љуботен и Трабзонспорт. Изразит фаворит на натпреварот ќе нема со оглед на фактот дека и двете екипи се со идентична форма, а бодовната разлика меѓу нив е само еден бод. Домаќинот со 12 бодови е на седмата позиција на табелата, додека еден помалку има Трабзонспорт кој е место подолу. Очекувањата би биле да гледаме неизвесен натпревар. Натпреварот ќе започне во 15:30 часот.
Аресими – Беса
Во недела фокусот ќе биде во Чегране каде се игра големото дерби меѓу второпласираниот Аресими и лидерот Беса. Голема борба за промоција во Втората лига – Запад. Бодовната разлика е само три бодови, па во случај на победа на домаќинот тогаш ќе имаат ист број на бодови, што е мотив плус за трите бодови, додека евентуална победа за гостинот ќе значи голем исчекор на патот кон второлигашкото друштво. Штета што еден ваков натпревар ќе помине без публика, бидејќи неизвесноста и возбудата ќе биде до самиот финиш. Натпреварот ќе започне во 16:00 часот.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Камјани – Напредок
Камјани на домашен терен ќе ја пречека екипата на Напредок во натпревар каде домашната екипа ќе биде голем фаворит против очајниот гостин од Кичево. Фаворитската улога очекувано ја има домаќинот, а Напредок ќе мора да собере сили и во недела да стигне до вториот сезонски триумф и конечно да ги израдува своите фанови. Натпреварот ќе започне во 15:00 часот.
Врапчиште – Пролетер
Екипата на Врапчиште на домашен терен ќе го прочека „фенерџијата“ Пролетер. Апсолутен фаворит на натпреварот ќе биде домаќинот кој е далеку поквалитетен, па трите бодови очекувано ќе останат дома. Пролетер се уште е во зимски сон и во текот на цела сезона одвај собра еден бод. Натпреварот ќе започне во 16:00 часот.