Денес стартува новата сезона од Третата лига – Југ

Денес со натпреварите од 1. коло конечно ќе започне новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Југ.
Веќе на стартот ќе гледаме соочување на двете екипи кои претендираат за врвот Вардар Неготино како домаќин ќе игра на гостински терен против Големо Коњари. Ваквата одлука на третолигашот од Неготино следува поради санација на домашниот терен.
Марена ќе биде домаќин на Младост 1930 од Кривогаштани, а пак Росоман ќе го пречека Ново Црнилиште. Превалец ќе биде домаќин на Напредок од Крушенани, првото коло ќе донесе и дуел меѓу новите третолигаши Бучин и Возарци ДМД, а пак во Лажани ќе се соочат Слога 1976 и Динамо, меч кој ќе биде пренесуван во ЖИВО на Спортска Мрежа, реализацијата на овој пренос зависи од клубот домаќин.
Сите натпревари ќе започнат во 14:00 часот.