ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Демант од Тиквеш: Нема назначено нов Шеф на стручниот штаб, екипата ја водат досегашните помошници Мојсов, Орешков и Митрев

Откако одредени медиуми изминатите два дена започнаа со шпекулации околу наводно назначување на нов Шеф на стручниот штаб на Тиквеш, кавадаречкиот прволигаш експресно ги демантираше истите овие шпекулации. Во соопштението се наведува дека екипата во моментот ја водат досегашните помошници Ѓорѓи Мојсов, Трајче Орешков и Александар Митрев.

„Градскиот фудбалски клуб Тиквеш 1930 АД од Кавадарци ГИ ДЕМАНТИРА информациите кои се појавија денес кај одредени медиуми во врска со изборот на нов Шеф на стручен штаб. Во моментот екипата ја водат досегашните помошници Мојсов Ѓорѓи, Орешков Трајче и Митрев Александар. За сите информации околу назначување на нов Шеф на стручен штаб ќе бидете благовремено известени од страна на ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци“, се вели во соопштението од ГФК Тиквеш.

Колку за потсетување, пред два дена Влатко Костов си даде оставка и се повлече од тренерското столче на Тиквеш, а досегашните помошници Мојсов, Орешков и Митрев кои привремено го водат клубот обезбедија триумф над Шкупи, откако вчера на Градскиот стадион во Кавадарци со високи 3:1 славеа над актуелниот шампион, во заостанатиот меч од 1. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Викендот, Тиквеш на домашен терен ќе ја пречека Академија Пандев, која ќе биде предводена од старо-новиот тренер Александар Васоски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!